Содржина
Романтичен трилер кој се занимава со натприродните сили. Десетина години по апокалиптичниот настан кој убил милиони луѓе, светот го прогонуваат духови. Рони (Бела Торн) добива заканувачка порака од другата страна. Здружувајќи ги силите со својот таинствен колега од класот, Кирк, Рони се впушта во светот на сенки, во кој линијата меѓу живите и мртвите е тенка, па почнува очајна трка со времето за да го сопре препредениот убиец.