Содржина
Во обид да се осуетат плановите на Гринделвалд за создавање чистокрвни волшебници за да владеат врз сите немагични суштества, Албус Дамблдор го ангажира својот поранешен студент, Њут Скамандер, кој се согласува да помогне.
Од имагинацијата на Џ. К. Роулинг, создавачот на „Светот на волшебниците“, пристигнува филмскиот серијал „Фантастични ѕверки“, волшебните авантури поставени пред времето на Хари Потер. На крајот на првиот филм, моќниот Темен Волшебник Гелерт Гринделвалд (Џони Деп) бил заробен од Конгресот на волшебници на САД, со помош од Њут Скамандер (Еди Редмејн). Но Гринделвалд бега од заробеништвото и почнува да собира следбеници кои не се свесни за неговата вистинска агенда, да создаде чистокрвни волшебници кои ќе владејат со сите немагични суштества. Во обид да ги осуети плановите на Гринделвалд, Албус Дамблдор (Џад Лоу) го ангажира својот поранешен студент Њут Скамандер кој се согласува да помогне, несвесен за опасноста што претстои. Се цртаат граници, а љубовта и верноста се ставаат на испит, дури и помеѓу најверните пријатели и семејството, во сѐ поподелениот свет на волшебниците.