Содржина

Мери, обична млада девојка, собира ретко цвеќе во шумата во близина на куќата на баба ѝ. Таа добива посебна моќ и е пренесена во школото за вештерки и маѓесници, но наскоро сфаќа дека институцијата крие мрачна тајна.
Мери е обична млада девојка заглавена на село со баба ѝ Шарлота и нема авантури ниту пријатели. Таа следи една мистериозна мачка во блиската шума, каде што открива стара метла и чудно ноќно цвеќе, ретка билка што цвета еднаш на седум години само во таа шума. Цвеќето и метлата ја носат Мери над облаците, далеку до колеџот „Ендор“ – школо за магија, кое го водат главната господарка мадам Мамблхук и брилијантниот доктор Ди. Но во школото се случуваат страшни работи, и кога Мери ќе каже лага, таа мора да си го ризикува животот за да се обиде да ги исправи работите. Филмот „Мери и вештерското цвеќе“ се темели на класичната книга на Мери Стјуарт, „Малата метла“ и е полн со акција и со неверојатни имагинативни светови, посебни ликови, како и срцепарателна приказна за млада девојка која се обидува да си го најде местото во светот.

Слики

Мери и вештерското цвеќеМери и вештерското цвеќеМери и вештерското цвеќеМери и вештерското цвеќеМери и вештерското цвеќеМери и вештерското цвеќеМери и вештерското цвеќеМери и вештерското цвеќе

Прегледи


Нема Прегледи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.