Содржина
Средно училиште. Четирите најважни години од животот. Но, тие не се само игри, забава и бакнување во автомобилот на родителите. Понекогаш се случува и нешто грдо, тешко и замрсено. Како што е заговор за да се собори претседателот...
Има нешто гнило во средното училиште „Св. Донован“, па ученикот и млад репортер Боби Фанк целосно се посветил да го истражи проблемот и сфатил дека приказната е многу валкана. Откако ќе го осомничи претседателот на училиштето за злосторство, Фанк станува еден од омилените средношколци во училиштето кого сите го почитуваат. Згодната Франческа Фачини го води на матурска забава, а казнетите училишни деликвенти стануваат пристојни кон него и му нудат совет како да не се возбуди додека танцува. Но, Фанк е и понатаму решен да ја открие вистината за тоа што се случува во училиштето... Ќе успее ли во тоа?