Содржина
Филмот ја следи непознатата финска група „Продупчен ректум“ на диво патување на најпознатиот фестивал на хеви-метал музика во Норвешка. Патот вклучува хеви-метал, ограбување гробишта, викиншки рај и оружен конфликт меѓу Финска и Норвешка.
Туро (25) е заглавен во мало село во Северна Финска. Единствените зраци на светлина во неговиот живот му ги носи аматерскиот хеви-метал бенд „Продупчен ректум“, каде што тој е вокалист. Тој и неговите другари свират веќе 12 години без ниту еден настап. Момците добиваат ненадејна посета од Норвешка: главниот човек на „Северно проклетство“, голем фестивал на хеви-метал музика. Тие одлучуваат дека шансата е сега или никогаш. По еден ужасен подготвителен настап, „Продупчен ректум“ се разделува за веднаш повторно да се обедини. Тие крадат комбе, леш и ковчег од локалните гробишта, земаат нов тапанар од локалната ментална болница и бегаат за Норвешка. Додека ѝ бегаат на финската полиција, тие треба да се соочат со норвешката војска и нејзините трупи „Делта“ за да успеат да го остварат својот прв вистински настап.