СОДРЖИНА
Младиот јети Миго, наоѓа нешто за што мислел дека не постои – човек. Вестите за „смолфут“ комплетно го менуваат светот на овој јети.
Анимирана авантура за сите возрасти, со оригинална музика во која легендата за бигфут се превртува наопаку кога еден млад јети наоѓа нешто што мислел дека не постои – човек. Вестите за овој „смолфут“ му носат слава и шанса кај девојката на неговите сништа. Тие исто така носат паника во заедницата на јетите поради помислата што би можело да има во светот зад нивното снежно село, во оваа приказна за пријателството, храброста и радоста на откривањето.