Содржина
Елиот Нес (Кевин Костнер) е сојузен агент кој дошол во Чикаго за време на прохибицијата, кога корупцијата во локалната полициска служба била распространета. Неговата мисија е да го стави криминалецот Капоне (Роберт де Ниро) надвор од бизнисот, но Капоне е толку моќен и популарен што Нес не е сфатен сериозно од законот ниту од печатот. Една ноќ, обесхрабрен, се среќава со ветеранот полицаец Џими Мелоун (Шон Конери) и открива дека остриот Ирец е чесниот човек што го бара. Мелоун наскоро му помага на Нес да го регрутира почетникот Џорџ Стоун (Енди Гарсија) и тие, заедно со покорниот сметководител Оскар Валас (Чарлс Мартин Смит), упорно го следат Капоне, како и неговите незаконски интереси. Во почетокот, на потсмев, Нес го разлутува Капоне со тактиките кои понекогаш се над законите, а замислениот мафијаш напаѓа во злобен стил. На крајот, најнеочекуваното и помало кривично дело, даночното затајување, го овозможува падот на Капоне.