СОДРЖИНА

Овој интимен портрет ни го прикажува еден од најголемите светски комичари. Филмот е раскажан преку сопствениот глас на Робин и преку досега невидени архивски снимки, пренесувајќи нѐ во неговиот неверојатен живот и кариера.
„Робин Вилијамс: Влези ми во умот“ е смешен, интимен и емотивен портрет на еден од најголемите светски комичари. Филмот е раскажан преку сопствените зборови на Вилијамс и ни го прикажува тоа што тој го донесе во светот на комедијата и воопшто на културата, од лудиот период во Лос Анџелес во доцните 1970-ти, до неговата смрт во 2014 година. Филмот го прикажува неговиот неверојатен живот и кариера, прикажувајќи ни што го инспирирало да им даде глас на ликовите во неговиот ум. Заедно со претходно невидени снимки од неговиот креативен процес, преку интервјуата со Вилијамс, како и домашните снимки и снимките од сценските настани, овој омаж содржи и снимки од интервјуа со луѓето што го познаваа, како што се: Били Кристал, Ерик Ајдл, Вупи Голдберг, Дејвид Летерман, Стив Мартин, Пем Добер и неговиот син Зак Вилијамс.

Слики

Робин Вилијамс: Влези ми во умотРобин Вилијамс: Влези ми во умотРобин Вилијамс: Влези ми во умотРобин Вилијамс: Влези ми во умотРобин Вилијамс: Влези ми во умотРобин Вилијамс: Влези ми во умот

Прегледи


Нема Прегледи
ПРЕПОРАКИ
ТОП ЛИСТИ

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: полиса на приватност.