Содржина
Агентот за недвижности Стен (Роб Шнајдер) мора да оди во затвор поради измама. Од страв дека ќе стане нечија девојка во затвор, тој ангажира мистериозен мајстор за боречки вештини (Кит Карадин) кој ќе го научи да се брани. Стен наскоро станува ѕвезда во затворот, помагајќи им на сите и воспоставувајќи примирје меѓу завојуваните банди. Но, управникот на затворот има сосема поинаков план...