СОДРЖИНА
Али работи во продажниот сектор на еден весник, но всушност сака да пишува сопствена колумна. Кога новиот уредник ѝ дава шанса, Али е воодушевена и оди во потрага по најдобрата тема. Случајно наидува на едно кафуле што го води Сем, кој е познат по непогрешливата способност да спојува луѓе, па Али одлучува да пишува за тоа, а иако никогаш немала среќа во љубовта, ја прифаќа помошта од Сем да ѝ најде партнер. Но Сем наскоро сфаќа дека за Али ќе мора да се помачи како никогаш претходно, а по разговорот со дедо му, сфаќа дека причината за тоа е што идеалниот партнер за Али е баш тој самиот.