СОДРЖИНА
Подгответе се за неверојатните цртани ликови помеѓу кои е главен Мејтер, симпатичниот и урнебесен камион од хит-филмот „Автомобили. Креативните умови од „Дизни и од „Пиксар ни прикажуваат борби, трки, рок-концерти, камионџиски пресметки, па дури и вселенски бродови. Џон Мејтер, срцето и душата на Радијатор Спрингс, и сите ваши омилени ликови од светот на автомобилите ве водат на патување полно со забава. Во „Неидентификуван летечки Мејтер, Мејтер запознава еден вселенски брод по име „Мејтор. Мејтер го носи на забава и тие набргу стануваат најдобри пријатели. Но, кога Мејтор е заробен од војската, Мејтер и Лајтинг Меквин доаѓаат да го спасат.