Содржина
Четврти по ред филм од серијалот за Џејмс Бонд, а воедно и четврти со Шон Конери во улогата на агентот на МИ6. Филмот ги следи обидите на Бонд во пронаоѓањето две украдени нуклеарни бомби на НАТО, кои ги украла терористичката организација СПЕКТРА, и која бара 100 милиони долари откуп за да не ги уништи Лондон и Мајами. Потрагата го води Бонд на Бахамите, каде го очекуваат безброј изненадувања. “ Oперацијата Гром” е еден од најпопуларните филмови за Џејмс Бонд со спектакуларни сцени снимени токму таму, каде што се присутни луѓето од високото друштво.
Филмот е добитник на Оскар за најдобри визуелни ефекти и има 4 номинации.