рејтинг: 6.6/10
Оценка на корисникот: 7.7/10
(6 гласови)

Содржина

Годината е 1976. Тоа е ерата на квизот „Ајде да се спогодиме“, последната година кога беа модерни ѕвонарките, големите јаки и уште поголемите автомобили. Тоа е исто така и годината кога Вивијан Абрамовиц дознава за големините на градниците со ознаки „А“, „Б“ или „Ц“. Тоа е тешко време за Вивијан, а станува уште потешко поради постојаната потрага по подобар живот на нејзиниот самохран, разведен татко Мари. Целта на Мари е целото семејство во кое се Вивијан, нејзиниот итар постар брат Бен и помалиот брат Рики да го задржи во областа на училиштата во Беверли Хилс (и покрај тоа што живеат на работ на градот), затоа тоа што Мари смета дека „Мебелот е привремен, образованието е засекогаш“. Четворицата членови на семејството Абрамовиц се селат во еден евтин еднособен стан. Во овој неудобно тесен простор, Вивијан е ужасната кога нејзината сексуалност што е во развој станува семеен спектакл, а станува интересна и за нејзиниот чуден сосед Елиот, кој е опседнат со Чарлс Менсон. Тука е и Рита, дивата братучетка на Абрамовицови, која претставува потенцијален спас. Рита е проблематична девојка која тукушто излегува од лекување поради дрога и е ќерка на богатиот брат на Мари, Мики. Иако е безнадежно збунета, Рита станува чуден женски пример што ѝ е итно потребен на адолесцентната Вивијан.
Семејството Абрамовиц од Беверли Хилс претставува искривен портрет на семејниот живот во американскиот град на соништата. Соочени со проблеми околу разводот, зависностите и дисфункционалноста, а сепак решени да се приспособат на општеството, членовите на семејството Абрамовиц преживуваат на работ на Беверли Хилс со хумор и со сѐ она што ги држи заедно луѓето кои се сакаат.

Прегледи


Нема Прегледи
Препораки
  • Концерт (2009)

    image
    Пред 30 години, познатиот диригент на оркестарот при театарот „Бољшој“, Андреј Симеонович Филипов, бил отпуштен зашто примил во оркестарот музичари Евреи. Сега...
  • Тко пјева зло не мисли (1970)

    image
    Деветогодишњи Перица пише дневник надајуќи се да ќе га за хиљаду година пронаќи научници и да ќе постати значајно историјско сведочанство. У њему он потанко...
  • Звиждук у осам (1962)

    image
    "Звиждук у осам" је југословенски филм из 1962. године. За ову комбинацију драме, комедије и мјузикла инспирација је био истоимени албум познатог певача Ѓорѓа...
Топ листи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.