рејтинг: 6.7/10
Оценка на корисникот: 6/10
(3 гласови)

Содржина

Куќата на вицекралот во Делхи била дом на британските владетели на Индија. По 300 години, на таа ера ѝ доаѓа крај. Во 1947 г. лордот Монтбатен го презема местото на последниот вицекрал, одговорен за враќањето на Индија на народот.
Куќата на вицекралот во Делхи била дом на британските владетели на Индија. По 300 години, на тоа владеење му доаѓа крај. За шест месеци во 1947 г. лордот Монтбатен, правнук на кралицата Викторија, го презема местото на последниот вицекрал, одговорен за враќањето на Индија на народот. Приказната на филмот се расплетува во таа голема куќа. Горе живееле Монтбатен со жена му и ќерка му, долу живееле нивните 500-тини слуги, Хиндуси, муслимани и Сики. Како што политичката елита, Нехру, Џинах и Ганди, се приближува до куќата за да се роди независна Индија, започнува конфликтот. Се носи одлука земјата да се подели и да се создаде нова муслиманска татковина: Пакистан. Одлука чии последици се чувствуваат до денешен ден. Филмот ги истражува овие настани низ призмата на бракот на Дики и Едвина Монтбатен, како и низ романсата меѓу младиот слуга Хиндусот Џит и неговата договорена жена муслиманката Алија. Младите љубовници се наоѓаат меѓу потресниот крај на империјата, конфликтот со Монтбатенови и нивните заедници, но тие никогаш не губат надеж.

Слики

Куќата на вицекралотКуќата на вицекралотКуќата на вицекралотКуќата на вицекралотКуќата на вицекралотКуќата на вицекралотКуќата на вицекралотКуќата на вицекралотКуќата на вицекралотКуќата на вицекралот

Прегледи


Нема Прегледи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.