СОДРЖИНА
Ерик Богосјан ја адаптирал својата театарска драма за филм во режија на познатиот Ричард Линклатер, а драмата е инспирирана од нивните сопствени искуства. Кога една позната рок-ѕвезда го посетува родното гратче во Тексас за да се пофали со својот успех, младите губитници што ги оставил зад себе мораат не само да ја потиснат сопствената завист туку и да размислат за фрустрациите поради своите неостварени соништа. По една бурна вечер полна со пиење, секс и насилство, нивните животи неизбежно се менуваат.