Содржина
Париз во 30-тите години од минатиот век, време кога во Европа се подготвува нова војна. Две сестри Американки патуваат низ Европа и пред одушевената публика на сцената изведуваат сеанси со духови на мртвите. Додека помладата Кејт комуницира со мртвите, постарата Лора е задолжена за деловната страна на целиот потфат. Нивните спектакуларни настапи го привлекуваат вниманието на моќниот филмски продуцент Андре Корбен, кој ги вклучува сестрите во својот нов и амбициозен проект. Тогаш Лора и Кејт ќе бидат вовлечени во емотивен вртлог во кој се испреплетуваат уметноста и окултното, па станува неможно да се разликува стварноста од илузијата. Прекрасна драма со Натали Портман во главната улога, која со својата изведба успева да ја долови вистинската филмска магија.