Содржина
Еден бизнисмен кој е американски Евреин, патува до Израел за погребот на неговиот татко кој бил убиен во бомбашки напад на автобус. Додека е таму, го убедуваат да изврши кратка извидувачка мисија за израелската тајна служба, во градот Рамала. Сепак, задачата тргнува наопаку и американскиот Евреин се наоѓа заробен зад непријателските линии, со една мистериозна, убава Палестинка. Борејќи се да си го спаси животот, американскиот Евреин е присилен да го преиспита својот поглед на светот, како и оној на Палестинката (Арапка Христијанка) и нејзиниот дедо (Муслиман). Но, може ли навистина да му верува? И можат ли тие да му веруваат нему? Уште побитно, можат ли да се чуваат живи еден со друг, откако се наоѓаат во вкрстен оган помеѓу спротивставените страни во арапско-израелскиот конфликт?