Содржина
Брендан Фрејзер игра во ова прераскажување на класичниот роман на Жил Верн од деветнаесеттиот век - „Патување до центарот на земјата“ - со поглед од дваесет и првиот век.
За време на една научна експедиција на Исланд, научникот-визионер, Тревор Андерсон (Брендан Фрејзер), неговиот внук, Шон (Џош Хачерсон) и нивната убава, локална жена-водич (Анита Брим) неочекувано се наоѓаат заробени во пештера од која единствениот излез им е да одат подлабоко и подлабоко во длабочините на Земјата. Патувајќи низ светови кои никогаш порано не се видени, тројката се соочува со нереални и незамисливи суштества - вклучувајќи и растенија кои јадат луѓе, џиновски летачки пирани, светлечки птици и застрашувачки диносауруси од минатото. Авантуристите наскоро дознаваат дека како што се зголемува вулканската активност околу нив, тие ќе мораат да го најдат патот назад до површината на Земјата пред да биде предоцна. Со спектакуларни фото реалистични средини и нови, револуционерни филмски техники, „Патување до центарот на земјата“ е епска авантура која ја води публиката во срцето на патувањето на нашите херои, носејќи ја на диво пат до центарот.