Содржина

Возбудлив акциски трилер со извонредниот Весли Снајпс („ Американски маршали“) каде за прв пат има главна улога во акциски филм. Во филмот, една од своите први улоги ги реализирала и славната манекенка и глумица Елизабет Харли. Полицијата безуспешно настојува да го фати опасниот меѓународен терорист Чарлс Рејн, кој секогаш, во последен момент успева да избега. Меѓутоа, кога тој кај еден пластичен хирург на Флорида ќе го смени својот лик, ФБИ конечно го фаќа и решава да го префрли во Лос Анџелес. Истовремено, ценетиот стручњак за антитерористички дејствија Џон Катер( Весли Снајпс) ја напушта работата откако сопругата му загинува. Неговиот колега и пријател Слај Делвекио го моли да ја смени неговата одлука и да не ја напушта работата, но Катер е категоричен бидејќи се чувствува одговорен за нејзината смрт. Патиштата на Катер и Рејн ќе се вкрстат на авионскиот лет за Лос Анџелес каде ФБИ го носат криминалецот на судење. Кога авионот го киднапираат луѓето на Рејн, меѓу кои и атрактивната стјуардеса Сабрина( Елизабет Харли), и ги убиваат полицајците, единствена пречка им е Катер, кој патува како цивил во Калифорнија, барајќи нова работа.

Слики

Патникот 57Патникот 57Патникот 57Патникот 57Патникот 57Патникот 57Патникот 57Патникот 57Патникот 57Патникот 57Патникот 57Патникот 57

Прегледи


Нема Прегледи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.