Содржина

Затворањето на еден локален рудник за јаглен значи и загуба на голем број работни места, како и крај на селскиот дувачки оркестар. На водачот на оркестарот му е тешко да ги мотивира своите членови.
Во малиот британски град Гримли долго време доминирал рудникот за јаглен каде што работеле повеќето мажи, а најголемиот извор на гордост во малиот град е музичкиот состав „Гримли Колиери“, дувачки ансамбл кој добил признанија на бројни национални натпревари. Дени е пензиониран рудар со лошо здравје и е диригент на оркестарот. Доаѓа време за еден национален натпревар, а Дени е решен Гримли да заме трофеј. Но, многу од неговите музичари имаат друго на ум. Се зборува дека рудникот наскоро можеби ќе се затвори, а во град што веќе пати поради економските проблеми тоа му доаѓа како смртна пресуда. Како дополнение на интригата е враќањето на Глорија, која порано живеела во Гримли. Таа се враќа во градот за една задача. Иако оркестарот традиционално бил исклучиво машки, Дени размислува да ги прекрши правилата и да дозволи Глорија да влезе во составот бидејќи таа е одличен свирач на флуг-хорна, но нејзиното присуство е лоша вест за градот. Таа работи за владата и ја истражува изводливоста на затворањето на рудникот. Главниот трубач Енди исто така има мешани чувства за Глорија. Тој и таа порано имале врска, па тој сѐ уште има чувства кон неа, но не е сигурен дали сака да се намести за уште едно раскинување.

Слики

ОркестарОркестарОркестарОркестарОркестарОркестарОркестарОркестарОркестар

Прегледи


Нема Прегледи
Препораки
  • Робот на штули (2012)

    image
    Необична романтична комедија за уличен изведувач обоен во сребрена боја и за нежната работничка во зоолошка градина која се вљубува во него. Љубовта се случува...
  • Пола-пола (2011)

    image
    Комедија за 27-годишен дечко кој дознава дека има рак и кој се обидува да ја победи болеста, инспирирана од вистинска приказна.
  • Најдолгата недела (2014)

    image
    Конрад Валмонт е „незрел“ њујорчанец во четириесеттите години, син од богато семејство хотелиери, кој целиот свој живот го поминал без никакви грижи и обврски....
  • Раскинување (2006)

    image
    Суперѕвездите Џенифер Анистон и Винс Вон играат во оваа хит романтична комедија за раскинувањето на една чикашка двојка. Дилерката на уметнички дела, Брук,...
Топ листи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.