Содржина
Прогонуван и повреден од трагедијата, Ел Маријачи се повлекува во изолација. Тој е принуден да излезе од тоа кога Сендс, корумпиран агент на ЦИА, го регрутира повлечениот херој да саботира заговор за убиство на претседателот на Мексико.
Сагата за митскиот херој гитарист Ел Маријачи (Антонио Бандерас), продолжува во оваа акциска епска бравура на Роберт Родригез, како трето продолжение на серијата. Авантурата е во периодот кога се одвива револуцијата и кога владеат алчноста и одмаздата. Прогонуван и повреден од трагедијата, Ел Маријачи се повлекува во изолација. Тој е принуден да излезе од тоа кога Сендс (Џони Деп), корумпиран агент на ЦИА, го регрутира повлечениот херој да саботира заговор за убиство на претседателот на Мексико, осмислен од злобниот водач на картелот Барило (Вилијам Дафо). Но Ел Маријачи има и свои причини за враќање – крв и одмазда. Десперадото се враќа со своите двајца верни помошници Лоренцо (Енрике Иглезијас) и Фидео (Марко Леонарди), а легендата за Ел Маријачи достигнува ново ниво на возбуда и авантура.
Прегледи
It's incredibly violent, repulsively so at times, and although I was reminded of the spaghetti westerns, the humour was lacking or laboured.