Содржина
Филмот „Проектот Флорида“ се одвива на делот од автопатот надвор од имагинарната утопија на „Дизни ворлд“ и ги следи шестгодишната Муни и нејзината бунтовна мајка Хејли во текот на едно лето. Двете живеат недела за недела во „Магичниот замок“, евтин мотел управуван од Боби, чија сурова надворешност крие длабок резервоар на добрина и сочувство. И покрај грубата околина, внимателната и жива Муни нема проблем секој ден да го слави животот, а нејзините бесконечни попладниња се исполнети со големи авантури кога со нејзините другарчиња бестрашно го истражуваат уникатниот свет во којшто се фрлени. Без знаење на Муни, нејзината деликатна фантазија е поддржана од жртвата на Хејли, која е принудена да ги истражува опасните можности со цел успешно да ја одгледува ќерка си.