Содржина
Џек Кемпбел е успешен и влијателен беќар кој работи на Вол Стрит. Среќно го живее животот и има сѐ што му треба. Или барем мисли така! На Бадник се буди во целосно нов живот, во кој не ја оставил девојката Кејт пред 13 години. Сега е оженет за Кејт, живеат во Џерси, имаат две деца. Работи како продавач во продавницата Биг Ед, а не на Вол Стрит, вози мини комбе кое често не сака да запали, а не Ферари... По првиот лош почеток, секој ден Џек сѐ повеќе верува во својот нов живот и почнува да разбира колку многу пропуштил. Можеби парите сепак не се сѐ што ни треба?!