Содржина
Патувајќи кон источниот брег за да отвори автомијалница Макс (Хекман), кој е условно пуштен од затвор, се запознава со морнарот по име Лион (Пачино), кој пак сонува, по шест години отсуство, да ги најде жена си и детето. Лион му помага на Макс да научи да го разбере својот бес и да се соочи со него, а Макс ја открива кревкоста на својот нов пријател Лион. И додека двајцата дознаваат дека никогаш нема да ги остварат своите цели, тие откриваат заемно пријателство, кое е побитно и од нивните поранешни соништа.