Содржина

Барајќи начин да го спасат својот свет кој е осуден на пропаст, еден екипаж од мали, човеколики вонземјани пристигнува на Земјата, во совршената камуфлажа - вселенски брод кој има облик на обичен човек.
Дејв Минг Чанг (Еди Марфи), кој тукушто пристигнува во Њујорк, можеби го претставува најверното олицетворение на риба на суво. Во него едноставно има нешто што не е во ред - за почеток, тој изгледа премногу несоодветно и несигурно во сопствената кожа. А тоа е така поради добра причина: „Дејв“ воопшто не е човек, туку брод направен според ликот на неговиот минијатурен капетан. Во „Дејв“ се наоѓа екипаж од добро обучени, минијатурни луѓе – свет во свет – кој енергично се обидува да го насочи секое дејство и секој збор на Дејв. Во секој дел на „телото“ на Дејв, по еден обучен член на екипажот (просечна висина: 4,5 сантиметри), кој носи ознака со посебниот дел од телото на Дејв, управува со високо технолошка конзола која ги контролира движењата на Дејв. Додека Дејв – т.е. оние во Дејв - бавно се движи низ овие физички предизвици, тие почнуваат да искусуваат нешто со дури и подлабоки ефекти. Бран емоции минува низ екипажот кој доаѓа од место кое ги обесхрабрува чувствата и индивидуалноста. Дејв се менува - од внатре кон надвор, и од надвор кон внатре.

Слики

Запознајте го ДејвЗапознајте го ДејвЗапознајте го ДејвЗапознајте го ДејвЗапознајте го Дејв

Прегледи


Нема Прегледи
Препораки
  • Тајна старог тавана (1984)

    image
    Два дечака радиоаматера, Миро из Загреба и Пепек из Прага, проводе летне празнике на острву Хвар у куќи Мирове тетке. На прашњавом тавану њене старе куќе...
  • Астерикс и Обеликс во Британија (2012)

    image
    Во 50-та година пред нашата ера, Цезар сака да освои нови територии. Решава да го освои оддалечениот остров, наречен Британија. И покрај силните напади на моќната...
  • Враќање во иднината (1985)

    image
    Динамичната и допадлива комедија на Роберт Земекис е популарна класика од `80-тите.
  • Господин Пибоди и Шерман (2014)

    image
    Најпаметното куче на светот, г. Пибоди и неговиот немирен син Шерман ја користат својата временска машина за да одат на урнебесни авантури. Но, кога Шерман ја...
Топ листи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.