Содржина

Со Роберт де Ниро во главната улога како Берни Медоф и со Мишел Фајфер како неговата сопруга Рут, оваа драма на ХБО ги прикажува настаните што довеле до неверојатниот пад на овој финансиер од Волстрит во декември 2008 година, по измамата на инвеститорите со вредност од над 65 милијарди долари во најпознатата пирамидална измама во историјата на САД. Во режија на добитникот на „Оскар“, Бери Левинсон, „Волшебникот на лагите“ ги прикажува смелите измами на Медоф кои почнале во 90-тите, поточно во 1987-мата, а можеби и порано, и продолжиле до финансиската криза во 2008 година, што кулминирало со апсењето на Медоф, додека неговата сопруга и двата сина (кои ги играат Алесандро Нивола и Нејтан Дероу) се нашле во центарот на јавното внимание, што довело до трагични последици. Филмот во голема мера се заснова на бестселерот „Волшебникот на лагите: Берни Медоф и смртта на довербата“ од Дајана Б. Хенрикес, со дополнителни извори од книгата на Лори Сандел „Вистината и последиците“. Хенрикес се прикажува во сцени во кои го интервјуира затворениот Медоф, кој во 2009 година добил 150-годишна затворска казна, максимално дозволената за неговите злосторства.

Слики

Волшебникот на лагитеВолшебникот на лагитеВолшебникот на лагитеВолшебникот на лагитеВолшебникот на лагитеВолшебникот на лагитеВолшебникот на лагитеВолшебникот на лагитеВолшебникот на лагитеВолшебникот на лагитеВолшебникот на лагитеВолшебникот на лагитеВолшебникот на лагитеВолшебникот на лагитеВолшебникот на лагитеВолшебникот на лагитеВолшебникот на лагите

Прегледи


Нема Прегледи
Препораки
  • Грабеж на државната печатница (2012)

    image
    Крими филм според вистински настан, имено грабежот во почетокот на 80-те години на тројцата браќа Реј, Питер и Брајан. Тие биле фатени и осудени на 12, 16 и 20...
  • Берни (2011)

    image
    “Берни“ е црна комедија за врската помеѓу еден педантен, но почитуван од другите асистент-директор на погребно претпријатие (Џек Блек) и една локална жена со...
  • Големите очи (2014)

    image
    Во текот на 50-те и 60-те години од минатиот век Волтер Кин бил еден од најпопуларните сликари на светот, познат по платната од кои тажно гледаат девојки со...
  • Црниот Кју-Клукс-клановец (2018)

    image
    Од визионерскиот режисер Спајк Ли доаѓа неверојатната вистинска приказна за еден американски херој. Во раните 1970-ти, Рон Сталворт (Џон Дејвид Вашингтон) станува...
Топ листи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.