Содржина
Ендрју Крокер-Херис (Алберт Фини) е огорчен и неомилен наставник по грчки и латински во британско јавно училиште. После скоро 20 години работа, тој е принуден да се пензионира наводно заради здравјето, а можеби и нема воопшто да добие пензија. Момците го сметаат за Хитлер, со извесна оправданост. Жена му Лора (Грета Скаки) е неверна и живее за да го повредува на секој можен начин. Ендрју мора да се соочи со својот пропаднат живот и одново да се здобие барем со самопочит.