Содржина
Каде ќе бидете вие кога ќе започне крајот! Џејсон Крид и група студенти на филмска уметност снимаат нискобуџетен хорор филм во шумите на Пенсилванија, кога одеднаш ќе ја дознаваат застрашувачката вест за мртвите кои оживуваат. Исплашени, тие се обидуваат да стигнат до единственото безбедно место што го знаат: своите домови. Сепак, нема излез од пеколот, како што ги нема ни нивните куќи. Сè исчезнало во инвазијата на живите мртовци. Џејсон одлучува да го документира вистинскиот хорор. Камерите снимаат и го запишуваат секој детал за идните генерации... доколку некој преживее. Властите ветуваат дека ќе ја решат ситуацијата, но не успеваат. Комуникација со остатокот од светот не е можна. Џејсон и луѓето од неговиот тим се оставени сами на себе, неколкумина среќно преживеани кои зависат едни од други.