Содржина
Маркетиншкиот директор Енди Каспар (Адам Гарсија) се откажува од својата стабилна работа за да се придружи на еден високотехнолошки центар за истражување и развој каде што добива тим од тројца отпадници, вклучувајќи го и општествено неприфатливиот Дерел (Џејк Буси), за да создадат тешко остварлив производ, „десктоп“-сметач од 99 долари. Компанијата сака тие да не успеат, но и покрај сите тешкотии тие успеваат и создаваат сметач кој не користи монитор или тастатура (холографски е, а сета меморија се чува на интернет-сервер). Алчниот конкурент, Френсис (Енрико Колантони) го саботира нивниот проект и им ја краде идејата, која ја прикажува како своја. Во меѓувреме, врската на Енди со убавата сосетка Алиса (Розарио Досон) почнува да пропаѓа. Дали Енди може да си ги поврати сметачот и девојката?