Содржина

Флик е обична бубачка и бара дружина од воини за да му помогнат да се бори против алчните скакулци кои му се закануваат на неговиот дом. Тој собира чета од бубачки кои всушност се циркузанти на кои им треба работа...
Од создавачите на познатиот анимиран филм „Приказна за играчките“ од „Волт Дизни пикчрс“ и од „Пиксар анимејшн стјудиос“ пристигнува уште една револуционерна авантура: „Животот на бубачката“. Животот не им е лесен на мравките на Островот на Мравките! Секое лето, една банда од алчни скакулци, кои ги предводи страшниот и манипулативен Хопер, ја напаѓаат колонијата за да побараат голем дел од тешко стекнатата жетва на мравките и да го загорчат животот на оваа мирна заедница. Нашиот херој Флик размислува малку поинаку од традиционалната колонија и си зема задача да најде помош однадвор, па по грешка ангажира една невработена трупа од циркузанти да му се придружат во соочувањето со скакулците. Кога планот на Флик тргнува наопаку, акцијата и комедијата стануваат брзи и луди додека се обидува да ги спаси колонијата и своето реноме.

Слики

Животот на бубачкатаЖивотот на бубачкатаЖивотот на бубачкатаЖивотот на бубачкатаЖивотот на бубачкатаЖивотот на бубачкатаЖивотот на бубачкатаЖивотот на бубачкатаЖивотот на бубачкатаЖивотот на бубачкатаЖивотот на бубачкатаЖивотот на бубачката

Прегледи


Нема Прегледи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.