poster

Американски Гангстер

American Gangster (2007)

Драма, Криминал, Трилер, Биографија | САД, Обединетото Кралство
Режисер: Ridley Scott

рејтинг: 7.8/10
Оценка на корисникот: 7.6/10
(156 гласови)

Содржина

Неговата истрага главно е сконцентрирана на огромната хероинска империја изградена од црномурест дилер на дрога (Дензел Вашингтон) кој увезува огромни количества првокласен хероин од Југоисточна Азија за време на Виетнамската војна. Режисерот Ридли Скот стои на чело на напната и смела криминалистичка драма заснована на вистинска приказна. Никој не го забележува Френк Лукас (добитник на Оскар, Дензел Вашингтон), тивкиот шофер на еден од најголемите криминални босови во градот. Но, кога неговиот шеф ненадејно ќе почине, Френк ја користи шансата да изгради своја империја и да создаде своја верзија од Американскиот сон. Со остроумност и строга деловна етика, тој почнува да владее со трговијата со дрога во градот, преплавувајќи го градот со почист производ по пониска цена. Лукас ги надитрува сите најголеми криминални банди и не само што станува еден од главните двигатели на корупцијата во градот, туку и дел од кругот на чесните граѓани. Ричи Робертс (добитник на Оскар, Расел Кроу) е отпадник полицаец, доволно блиску до улицата за да ја почувствува промената на власта во нарко-подземјето. И Лукас и Робертс имаат строг етички код што ги дели од нивните колеги, правејќи ги осамени личности на спротиставени страни на законот. Судбините на овие двајца ќе се испреплетат како што наближува нивното меѓусебно соочување, а само еден од нив ќе се искачи на врвот. Работејќи по одличното сценарио на Стивен Заилијан („Шиндлеровата листа), одликуван со награда од Академијата, режисерот Ридли Скот, одликуван со награда од Академијата стои на чело на напната и смела криминалистичка драма во која има силни изведни од врвни актери.

Слики

Американски ГангстерАмерикански ГангстерАмерикански ГангстерАмерикански ГангстерАмерикански ГангстерАмерикански ГангстерАмерикански ГангстерАмерикански ГангстерАмерикански ГангстерАмерикански ГангстерАмерикански ГангстерАмерикански ГангстерАмерикански ГангстерАмерикански ГангстерАмерикански ГангстерАмерикански ГангстерАмерикански ГангстерАмерикански ГангстерАмерикански ГангстерАмерикански Гангстер

Прегледи


Нема Прегледи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.