Содржина
Сем Ротстин викан Ејс (Р. Де Ниро) е управител на една од најголемите коцкарници во Лас Вегас. Кога еден ден влегува во својот автомобил, експлодира подметната бомба...
Десет години порано Ејс доаѓа во Лас Вегас од Чикаго, каде што го забележуваат локалните мафијаши и благодарејќи на умешноста со бројките, добива профитабилна работа во казино. Во Лас Вегас доаѓа и неговиот најдобар пријател од детството, агресивниот Ники Санторо (Џ. Пеши), кој е брз на јазик и уште побрз на нож. Наскоро Ејс станува еден од најмоќните луѓе во Лас Вегас. Се вљубува во скапата проститутка Џинџер (Ш. Стоун), чиј бизнис уште од младоста ги води љубовникот Лестер (Џ. Вудс). Џинџер најпрво го одбива Ејс, но привлечена од неверојатниот луксуз, сепак ја прифаќа неговата понуда...