Содржина

Тод Волфхаус и брат му Јан се од американско семејство од германско потекло, но никогаш не ја посетиле старата татковина сѐ додека нивниот дедо не умира, па тие одат во Германија за таму да му ја истурат пепелта. Тод и Јан пристигнуваат за време на годишниот Октоберфест, па случајно откриваат за тајниот натпревар во кој најголемите пивопијци на светот се натпреваруваат кој може да испие повеќе во неколкудневните натпревари во пиење.
Тод и Јан не се слаби пијачи, па одлучуваат да се пријават, но германскиот дел од нивното семејство, Вон Волфхаузенови, се исмеваат на нивната желба да се пријават на натпреварот и ги информираат дека ниту еден Американец не може да се надева дека ќе победи. Иако се решени да докажат дека и Американците знаат да локаат пиво, Тод и Јан се посрамотуваат, па во Германија ги носат своите другари кои се најголеми пијаници за да ја одбранат американската чест на полето на пијаната битка и да им покажат на нивните германски роднини дека семејниот талент не исчезнал кога преминале од другата страна на океанот.

Слики

Пивофест

Прегледи


Нема Прегледи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.