Содржина
Врвната готвачка Кејт Армстронг го живее својот живот на начин како што се справува со кујната во еден отмен ресторан на Менхетн- со цврста рака и сила, на која секој ù се воодушевува, но истовремено и ги заплашува луѓето во своја близина. Со извонредна прецизност таа молскавично “прелетува” од смена низ смена, координира стотина оброци, подготвува деликатни сосови и го декорира секое јадење до апсолутна перфекција. Еден ден во нејзиниот тим пристигнува веселиот и опуштен Ник Палмер, и самиот кулинарска ѕвезда. Ник сака да слуша опера додека работи и ги засмејува сите околу себе. Неговиот опуштен пристап, како во животот, така и во кулинарството, е сосема спротивен од оној на Кејт, но хемијата меѓу нив е очигледна. Можеби ќе ù биде полесно да се соочи со турбуленциите на работа, ако дома не ја чека нејзината 9-годишна внука Зое. За да создаде јака врска со Зое, да најде среќа со Ник и повторно да открие глад за животот, Кејт мора да се обиде со нешто смело и ново и да научи да се изрази и надвор од својата кујна. Тоа за неа значи како да се обидува да готви без рецепт!