Содржина
Несмасниот полициски бирократ Марвин Манж (Роб Шнајдер) добива многу неочекувани нови физички способности кога е спасен при една несреќа од страна на ексцентричниот д-р Вајлдер, кој тајно го поправа телото на Марвин со делови од животни. По операцијата, Марвин нема сеќавање и изгледа нормално, но однатре тој не знае кој животински инстинкт ќе му исплива на површината. Откако намирисува еден шверцер на дрога, Марвин станува херој, но работите стануваат покомплицирани кога се запознава и се вљубува во Рајана (Колин Хаскел), поранешна екологистка, која сега е доброволец во едно локално засолниште за животни. Кога на сцена стапува инстинктот на пума кај Марвин, доаѓа до хаос, не само во засолништето туку и во локалната месарница. Кога животните во него почнуваат да надвладуваат, светот на Марвин станува сѐ подив и понепредвидлив.