Содржина
Опседната со визиите за брутален напад на нејзиниот дом, Лаура Бенсон се наоѓа на работ на нервен слом. Сакајќи да започне нов живот, таа заедно со својот сопруг ја продава куќата и се сели во навидум идилична затворена населба. За жал, фамилијата Бенсон не е ни свесна во каква близина до злото се наоѓаат, не знаат ниту дека нивниот непријател живее во куќата веднаш до нив. Излегуваат на виделина чудни и застрашувачки настани. Лаура не знае дали позади сето тоа стои нејзината преубава сосетка, дали е можеби предмет на одмазда... или го губи паметот.