Содржина
Базиран на истоимената новела на Хенри Џејмс, „Крилјата на гулабицата“ се одвива во 1910 г. По смртта на мајка ѝ, Кејт Крој ја чува својата богата тетка Мод, која му плаќа на нејзиниот распуштен татко да стои понастрана од животот на Кејт. Мод сака Кејт да не ги повторува грешките на мајка си и да се омажи за некој обичен човек. Затоа Мод организира средба меѓу Кејт и Лорд Марк, господин од високата класа, кој ќе ја придружува на вистинските места. Но Кејт е повеќе заинтересирана за Мертон Деншер, сиромашен новинар. Убавата, но смртно болна американска наследничка Мили Тил, се појавува на сцената и се спријателува со Кејт. Кејт ја забележува наклонетоста на Мили кон згодниот Мертон и разработува шема да ги спои двајцата со цел Мертон да ги добие парите на Мили после нејзината смрт...