Содржина
Младото џуџе Јуниор, покажува само еден интерес - да измислува различни гаџети во својата лабораторија во куќичката на едно дрво. Неговиот татко Џејл, чувар на сите џуџиња во шумата, би сакал син му да тргне по неговите стапки. Во пресрет на првата снежна бура, Џејл е ранет. Сега судбината на животните останува во рацете на Јуниор кој што мора да им дава јадење. За жал, доаѓа до катастрофа. Храната ја крадат тролови. Јуниор со помош на својот пријател тргнува на пат да ја врати украдената храна и да ги спаси животните.