Содржина
Денис Саливен е типичен Њујорчанец. Еден ден добива задача да работи кај богата млада вдовица и нејзиниот син Џејк. Детето го фасцинираат филмови за супер јунаци. На Денис му е јасно дека на овој начин Џејк го компензира отсуството на починатиот татко. Инспириран од ова, тој тргнува во потрага по костум од таквиот јунак. Додека го пробува костумот, одеднаш Денис станува сведок на авантура што избива во продавницата и влегува во акција. Филмот од мониторингот стигнува до голема група гледачи кои што се воодушевени од благородниот чин на јунакот во костум. На тој начин Денис станува локален херој.