Содржина
Кога писателот Стјуарт Пејлор се враќа дома од одмор, тој открива дека во неговата куќа се населиле една мајка со три деца кои се бездомници. Тој неволно се согласува да останат кратко време, па добива инспирација да им помогне.
„Добре дојде дома“ е приказна за Стјуарт Пејлор (Лук Пери), познат писател кој има недостиг на инспирација и одлучува да се пресели во својот стар дом во Њујорк, во надеж дека враќањето кон своите корени ќе му помогне со неговиот следен хит. По враќањето, тој открива дека една мајка со деца му провалила во станот и тие таму почнале да живеат... Додека се разоткрива емотивната приказна за тоа како тие завршиле во неговиот стан, писателот добива инспирација да им помогне и открива дека неговата следна најдобра приказна потекнува од срцето.