Содржина
После првата светска војна, Фред Робертс се вработува како новинар и зборува со уредникот како во 1916. година во ровот пронашол исправна машина за печатење. Со помош на бившиот работник во фабриката за печатење, водникот Харис и пријателот, Џек Пирсон, започнува со списанието Вајперс Тајмс. И покрај неодобрување од поручник Хауфилд, но со поддршка од генерал Митфорд, излегуваат 23 броја од сатиричното списание, кое на војниците им го држи моралот и го добива своето место во една од статиите на списанието Татлер. Машината ја уништува германска бомба, но за брзо време наоѓаат нова.