Содржина
„За сѐ се пишува претставува просветлувачки и искрен портрет на Нора Ефрон, сценаристка и режисерка позната по својата искреност и интелигентниот хумор. Според сценарио и режија на нејзиниот син, Џејкоб Бернштајн, документарецот ја истражува границата помеѓу професионалната амбиција и личните ставови и прикажува интимни интервјуа со дел од лицата кои ѝ се најбиски, вклучувајќи ги и трите сестри, како и Мајк Николс, Том Хенкс, Мег Рајан, Стивен Спилберг и Мерил Стрип.