Содржина
Отворајќи ги очите на еден човек кон светот... тој ги отвори своите очи. Роберт де Ниро (за настапот е номиниран за „Осар“) и Робин Вилијамс играат во оваа моќна, вистинита приказна за еден нетипичен доктор и за неколку пациенти чии животи ги менува. Вилијамс го игра д-р Малколм Сејер, срамежлив доктор-истражувач кој користи едно експериментално лекарство за да ги „разбуди“ кататоничните жртви од една ретка болест. Де Ниро ја игра улогата на Леонард, првиот пациент што го добива контроверзниот третман. Неговото будење, исполнето со ентузијазам, претставува повторно раѓање и за Сејер, а пациентот на интровертниот доктор му ги открива едноставните но многу убави животни задоволства. Охрабрен од неверојатното закрепнување на Леонард, Сејер им го дава лекарството и на другите пациенти. Приказната за нивното пријателство за време на ова емоционално патување претставува сведоштво за милината на човечкото срце и за силата на човечката душа.