Содржина
Чарли е добар полицаец од Роуд Ајленд. Неговиот единствен проблем е Хенк, неговата алтернативна личност, која Чарли го претвора во одвратен идиот опседнат со секс. Работите излегуваат од контрола кога и Чарли и Хенк се вљубуваат во Ирена...
Од браќата Фарели („Нешто во врска со Мери“) пристигнува оваа урнебесна комедија за двете страни на еден ист човек. Запознајте го Чарли Бејлигејтс (Џим Кери), кој 17 години е ветеран на полицијата на Роуд Ајленд. Чарли е добродушен, трудољубив и секогаш сака да помогне, тој е и посветен татко на тројца синови. За жал, Чарли има пореметување со подвоена личност и кога му снемуваат лекарства... доаѓа време да го запознаеме Хенк Бејлигејтс (Џим Кери), хиперагресивното алтер-его на Чарли. Хенк има безобразен јазик, ненаситен апетит за алкохол, сака да се тепа и обожава валкан секс. Чарли и Хенк немаат ништо заедничко освен љубовта кон Ирена Вотерс (Рене Зелвегер), убава жена која е во бегство и во која се вљубени и двајцата. Сега, Хенк/Чарли мора да води војна против себеси за да ја освои збунетата Ирена.