Содржина
Продолжение на романтичната комедија што го освои светот! Првиот филм ги освои симпатиите на публиката ширум светот уште во 2002 година, а сега доаѓа и продолжението.
„Мојата голема грчка свадба“ се враќа со истата постава, и со уште по некој нов член. Во филмот главните улоги повторно ги играат Ниа Вардалос и Џон Корбет, а нов член на семејството е нивната ќерка Парис, која ја игра Елена Кабурис. Откако поголемиот дел од своето време го поминаа фокусирајќи се на нивната проблематична ќерка, Тула и Ијан во ова продолжение се соочуваат со брачни проблеми, а треба и да се справат со уште една грчка свадба - овојпат уште поголема и подебела.