Содржина
Домаќинка од Брентвуд и нејзиниот сопруг, јавен обвинител. Иранец, сопственик на продавница. Двајца полициски детективи кои во исто време се и љубовници. Афро-американски ТВ режисер и неговата сопруга. Мексикански бравар. Двајца крадци на автомобили. Неискусен полицаец. Средовечни корејски сопружници... Сите тие се жители на Лос Анџелес. И во следните 36 часа, сите ќе се судрат... Провокативен, смел поглед на комплексноста на расните конфликти во Америка и ретко филмско искуство - филм што ќе ги натера сите да ги преиспитаат своите предрасуди. Нурнувајќи во неверојатна мешавина од раси во Лос Анџелес по најголемиот терористички акт во историјата на САД, оваа моќна урбана драма ги истражува стравот и лицемерието од перспектива на ликовите кои влегуваат и излегуваат од животите на едните или другите. Никој не е безбеден на бојното поле на расните конфликти. Исто така, никој не е имун на зовриениот гнев што предизвикува насилство - и ги менува животите...