СОДРЖИНА
Во модерната „зоотропола“ во која живеат животни, полицајката Џуди Хопс е првата зајачица во полициските сили на градот. Таа добива шанса да го реши својот прв случај, па дури и ако мора да се здружи со итриот лисец Ник Вајлд.
Од „Волт Дизни Анимејшн студиос“ пристигнува хумористичната авантура која се одвива во модерната животинска метропола, „зоотропола“. Градот се состои од разни квартови во кои живеат животни од различни животни средини и тоа е место каде што, без разлика кој си, од најголемиот слон до најмалото глувче, можеш да станеш што ќе посакаш. Но, кога пристигнува новата полицајка Џуди Хопс, таа открива дека да се биде прва зајачица во полицијата не е лесна работа. Решена да се докаже, таа ја користи шансата да реши еден случај, дури и ако тоа значи да се здружи со итриот лисец Ник Вајлд.