Содржина
Дејствието на филмот се врти околу возбудениот дедо Дик, кој по смртта на својата сопруга сака повторно да излегува и да се забавува. Во тоа, иако несакајќи, му помага неговиот згоден внук и млад адвокат Џејсон, кого го игра Зак Ефрон. Џејсон го очекува венчавка со неговата свршеница, но дедото смета дека таа не е вистинскиот избор за него. Улогата на дедото ја толкува единствениот Роберт Де Ниро. Двајцата наскоро тргнуваат на незаборавно патување на Флорида каде ги чекаат диви забави и убави жени.