Содржина
Пит и неговиот дедо живеат во пустината, во старо, напуштено кино на отворено. Кога на киното му се заканува уништување, 10-годишниот Пит се упатува во градот со најдобриот другар Калмејн за да го спаси својот дом. Но, момчињата се губат во австралиската пустелија. Тие се гладни и жедни, па Пит мора да се присети на старите трикови за преживување што ги научил од дедо му. На крајот Пит и Калмејн стигнуваат до градот, го спасуваат старото кино и се враќаат дома како херои…