Содржина
Кога 80-годишната Еврејка Марија Алтман (Хелен Мирен) ќе дознае дека најславниот портрет на Густав Климт би требало да биде во нејзина сопственост, таа започнува беспоштедна битка за тоа што ѝ припаѓа, заедно со младиот адвокат Рендол Шоенберг (Рајан Рејнолдс). Необичниот пар ќе допатува од САД во Виена и ќе ја крене на нозе цела Австрија, зашто очигледно немаат намера да се вратат дома со празни раце.